Актерот Алек Болдвин е уапсен откако се степал за паркинг место пред неговата куќа во Вест Вилиџ во Њујорк.
Болдвин е обвинет за напад и закани кон возач кого го удрил со тупаница поради паркинг место пред неговата куќа во Њујорк. Тој попладнево беше приведен , откако се изнервирал кога возач му го зазел паркинг местото на кое чекал. По кавгата , Болдвин го удрил човекот со тупаница по лицето .
Жртвата била однесена во болница , бидејќи се жалел на болки на левата страна на главата. Болдвин е пуштен од притворот , а следниот месец ќе се појави на суд.
Последен пат Алек Болдвин беше приведен пред четири години поради нарушување на јавниот ред и мир.