Предводени од Расел Вестбрук, екипата на Оклахома ноќеска победи на гостувањето во Вашингтон со резултат 134:111. Вестбрук мечот го заврши со дабл-дабл ефект – 23 поени и 12 асистенции.

Резултати на натпреварите од НБА одиграни ноќеска:

Орландо – ЛА Клиперс 95:120 Бруклин – Хјустон 111:119 Чикаго – Индијана 105:107 Вашингтон – Оклахома 111:134 Далас – Њујорк 106:118 Јута Мемфис 100:110 Феникс – Торонто 98:107 Голден Стејт – Минесота 116:99.

Голден Стејт со ефект 9-1 (победи-порази) и Денвер 7-1, се на врвот во Западната конференција, додека на Исток Торонто со 8-1 и Милвоки со 7-1 с ена првите две позиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2018 20:44