Oткако во вчерашната епизода на ТВ серијата „Живи мртвци“, главниот лик Рик на беше смртоносно повреден, продукциската куќа Еј-ем-си денеска објави дека Ендрју Линколн ќе ја повтори својата улога во неколку долгометражни филмови, што ќе бидат дел од сагата.

– Имаме сосем нови видици. Ќе почнеме со епска приказна, со еден од најдобрите водечки ТВ актери кога било, и еден од најдобрите луѓе кои ги знам, нагласи Скот Гимпл, еден од главните продуценти на серијата.

Претходно и беше најавено дека на Линколн, кој веќе девет години го толкува главниот лик во серијата за одечките мртовци, ова ќе му биде последна сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 09:46