Цените на угостителските услуги во октомври годинава во споредба со септември се на исто ниво, но во однос на октомври лани се зголемени за три отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период минатата година е зголемен за 2,1 процент, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,7 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2018 13:45