Вардар го победи Мешков со 30-23 во 6. коло од Лигата на шампионите а јунакот на вечерта беше Игор Карачиќ. Нашиот бек на оваа средба играше како замена за Вуко Борозан на позицијата лев бек. И на натпреварот карачиќ постигна 11 гола од 14 упатену шутеви.
Вардарци сезонава повторно често се наоѓаат во изборите на ЕХФ, а овојпат триумфот е особено важен поради задржување на лидерското место на табелата.
Карачиќ одигра мудро, но пред се прецизно. Одличен во игра „еден на еден", и подеднакво добра и во одбрана. Со вака расположен Игор тешко кој може да го надигра Вардар.