Вицепремиерот Кочо Анѓушев посочи дека со воведувњето на прогресивниот данок нема да се зададе никаков удар на економијата, бидејќи, како што кажа, речиси ниту еден данок не се зголемува со исклучок на пресоналниот за најбогатите еден отсто на кои, како што кажа, припаѓа и тој.

- Јас сум еден од тие кои секако подлежи на ова даночење и апсолутно мислам дека е праведно да сите ние коишто имаме поголеми приходи, коишто транспарентно ги објавуваме да помогнеме да изградиме една по фер заедница. Што се однесува до прагот, не е мој праг, не е праг на никого, тоа е праг на Владата или пред сѐ тоа е праг којшто беше анализиран во Министерството за финансии и покасно нели, со премиерот којшто ја води Владата беше одлучено да тоа биде праведниот праг на којшто ќе се оданочуваат сите приходи со 18%. Јас се согласувам со тој праг, затоа што на тој начин се заштитува интересот на младата интелектуална класа во Република Македонија, којашто сакаме да остане во државата, да ја гради државата, тоа се информатичарите, тоа се младите инженери, младите доктори специјалисти, коишто отприлика стигаат до некакви плати од 1.000 евра, сите тие се изземени од оваа мерка. Во оваа мерка влегуваат само 1% од граѓаните на Република Македонија коишто имаат најголеми лични приходи и мислам дека сите тие, а во нив спаѓам и јас, навистина треба да се солидаризираме и да знаеме дека практично го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните на Република Македонија и мислам дека мерката е апсолутно праведна, истакна Анѓушев.

Мерката ја оцени како апсолутно праведна и додаде дека прагот е определен по направените анализи во Министерството за финансии и оти со овој праг е зачуван интересот на младите интелектуалци во земјава.

Како што посочи премиерот Заев, за луѓе со приходи од сто илјади денари ќе значи оданочување на разликата од 90 до 100 илјади денари, односно оданочување со осум отсто на 10 илјади денари или 800 денари повеќе данок месечно од досега.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 16:25