Половина од сите електрични автомобили продадени во целиот свет, се концентрирани во само 25 градови, покажува истражување. Интересно е дека овие градови сочинуваат само 12 отсто од вкупниот пазар на сите автомобили во светот. Според „Интернешнл Каунсил оф Клин Транспортејшн“ (International Council on Clean Transportation) лидер по бројот на електрични возила по патиштата е Кина.

До денес најголем број електрични автомобили се наоѓаат во 11 града на Кина – Пекинг, Чангша, Чонгкинг, Гуангжу, Хангжу, Циндао, Шангај, Шенжен, Тијанџин, Вухан и Женгжу, во 6 града во Европа – Лондон (Англија), Париз (Франција), Амстердам (Холандија), Берген и Осло (Норвешка), Стокхолм (Шведска), во 6 американски градови – Лос Анџелес, Њујорк, Сан Диего, Сан Франциско, Сан Хозе и Сиетл и во 2 јапонски града – Токио и Кјото.

Во последно време аналитичарите забележуваат доста брз раст на пазарот на електрични автомобили. Само од 2016 година продажбата на електрични возила на глобално ниво се зголемиле за 50 отсто, посочуваат од „Интернешнл Каунсил оф Клин Транспортејшн“.

Кина е лидер на овој пазар, бидејќи земјата обезбедува различни попусти за купувачите на електрични автомобили. Следуваат Европа и САД, кои сепак се уште не стигнале до таков поволен за корисниците систем, како во азиската земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 23:21