Институтот за национална историја (ИНИ) ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј со свечена академија вечер од 19 часот во Македонската академија на науките и уметностите.

По повод јубилејот, ИНИ на 9 и 10 ноември во Клубот на пратеници ќе организира и дводневен меѓународен научен симпозиум на тема „Балканската историографија и современите предизвици“, на кој ќе учествуваат 60-ина истакнати научници од Македонија и од странство.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 09:27