Документарните филмови „Камените кукли раскажуваат“ и „Двојните цркви во кумановско“ од кустосот Валентина Андреиќ и вишиот кустос Анита Трајковска Ѓорѓиоска од кумановскиот музеј освоја награди „Специјална плакета за истражувачка сторија“ и „Плакета за најдобра репортажа“ на 26-тиот Меѓународен фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.

Филмот „Камените кукли раскажуваат” е во продукција на здружението „Ризница“, а подржан како проект од Министерството за култура. „Филмот говори за обичаите и традицијата на шопска свадба која години наназад се одвива на локалитетот Куклица, кратовско. Документарниот етнолошки филм ќе остане како трајно сведоштво за постоењето и зачувувањето на традиционалната култура и ќе биде промовиран и пред македонската јавност, како на филмските фестивали во земјата и надвор од неа“, изјави вишиот кустос, Трајковска Ѓорѓиоска.

Документарниот филм, „Двојните цркви во кумановско“ го презентира културното наследство кое потекнало од долгогодишното истражувањето на кустосот Валентина Андреиќ. Продукцијата на овој филм е на локалната телевизија Плус од Куманово. Во филмот прикажани се црквите Свети Спас во Дозвезнце, Света Петка во Младо Нагоричане, Света Параскева во Мургаш, Света Петка во Пезово и двојната црква во Сув Ора, посветена на Свети Никола и Свети Ѓорѓи. Црквите, вели кустосот Андреиќ, потекнуваат од 16 и 17 век од поствизантиски период, градени во османлискиот период. Надворешно се мали и едноставни, се карактеризираат по полукружните аркадни премини, внатре се ззабележува фрескосликраство од познатите македонски зографи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 09:30