Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска на средба со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија ќе ги презентира владините мерки за поддршка на инвестициите од трите столба на Планот за економски раст.

На средбата во Центарот за развој на бизнисот на Универзитетот на Југоисточна Европа –УЈИЕ во Тетово ќе присуствуваат ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 09:35