Основачот на интернетот Тим Бернерс-Ли смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.

– Неприкосновеноста на Гугл и Фејсбук е поголема од онаа на повеќето држави. Тие станаа толку доминантни, па време е да бидат уништени, изјави експертот по информатички науки.

Скандалозноста на овие компании го достигна врвот со случајот со злоупотреба на милиони лични податоци поврзани со фирмата Кембриџ Аналитика. Основачот на глобалната мрежа е прилично незадоволен од неа, зашто „во моментов е загубено секакво чувство за лична безбедност“.

Бернерс-Ли натаму истакна дека социјалните мрежи се најголем извор на омраза, „а против тоа не може да се бориме“, нагласи тој категорично.

– Доколку пуштите капка љубов на Твитер, ништо нема да се случи, но пуштете капка омраза, и таа ќе се рашири за миг, посочи Бернерс-Ли.

Професорот на Технолошкиот институт при Универзитетот на Масачусетс и на Оксфорд, Тим Бернерс-Ли 1989 година ги изработи протоколите, по кои интернетот функционира и ден денешен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 14:07