Женските ракометни селекции до 17 и до 19 години ги дознаа ривалите на ЕХФ шампионатите.
Репрезентацијата до 17 години ќе учествува на шампионат во Италија, каде се најде во иста група со домаќинот, како и со селекциите на Полска, Белорусија и Азербејџан.
На ЕХФ шампионатот за генерацијата до 19 години, Македонија од 15 до 21 јули 2019 година во Литванија налета на домаќинот, Грузија и Швајцарија.