Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен во пресрет на неделната трка за Големата награда на Бразил очекува нови возбудувања во борбата со конкурентите за подимуот.
– Во целина, патеката „Интерлагос“ не одговара на нашата шасија. Но, во 2016 година бев во можност да завршам таму на подиумот, а минатиот викенд победив во Мексико, па можеше да се случи нешто. Борбата беше одлична, и сакам да поминам уште една возбудлива трка. Бразилските навивачи се неверојатно гласни, а трибините се наоѓаат многу блиску до стартната линија, истакнува Верстапен.
Во шампионатот во Формула 1, покрај претстојното Гран при в недела во Бразил до крајот на сезоната ќе се вози уште само една трка.
Титулата светски шампион веќе ја обезбеди Луис Хамилтон, а Верстапен во моментов е на 5. место.