СВР-Битола соопшти дека од слобода е лишен битолчанецот Т.Б.(51 г.) поради сомнение дека е сторител на две кривични дела „кражба“.

Од СВР-Битола информираат дека лицето С.Ј.(80) од Битола пријавило дека на 3 ноември годинава, лице кое се претсавило дека е вработен во ЕВН, му понудил дека наводно ќе му среди да плаќа помали месечни износи за потрошена електрична енергија при што му одзел 40.000 денари. Истото лице на 6 ноември околу 12 часот, во стан сопственост на пријавителот на улица „Баталјон Стив Наумов“ во Битола, претставувајќи се како ветеринар, кој доаѓа со цел да интервенира по наводна реакција на станарите од зградата на пријавителот му одзел околу 13.000 денари .

По преземени мерки од слобода е лишен Т.Б.(51) од Битола поради соменение дека е сторител на двете кривични дела „кражба“, информираа попладнево од СВР-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 21:26