Фејсбук Месенџер наскоро ќе ви дозволи да ги избришете испратените пораки во рок од 10 минути од моментот кога ќе го притиснете копчето. Функцијата е запишна како „доаѓа наскоро“ во верзијата 191,0 на ајОС клиентот на Фејсбук Месенџер.

Споредено со целиот час, кој социјалната мрежа ви дава за да отстраните погрешна порака во ВатсАп, 10 минути можеи да не се доволно време за реакција, но сепак е подобро од зачувувањето на пораката засекогаш.

Фејсбук ја разгледува функцијата „Unsend“ од април, откако стана јасно дека компанијата тивко бришела пораки испратени од нејзиниот шеф Марк Зукерберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 22:07