Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд го откри своето воодушевување од суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо пред денешниот дуел од Лигата на шампионите меѓу двата тима.
Како што е познато, Португалецот го носеше дресот на тимот во периодот меѓу 2003 и 2009 година.
– Она што е многу изненадувачки за мене е тоа што се сеќавам кога пристигна во тимот. Неговиот талент несомнено беше еден од најголемите што сме ги виделе во Јунајтед веќе подолго време. Кога ќе се навратиш во минатото, неверојатно беше да ги имаме во составот истовремено него и Вејн Руни. Но начинот на кој тој ја одржува својата кариера и дури се подобрува со текот на годините, тоа е едноставно неверојатно. Луѓето не го прават тоа на таа возраст. Тие обично се свртуваат кон крајот на нивната кариера и нивното ниво започнува да се намалува малку, но неговото се крева се повеќе. За мене, нема поголема инспирација во фудбалот, вели напаѓачот на „црвените ѓаволи“.