Аргентинскиот фудбалски стручњак Хорхе Сампаоли е нов тренер на Рен, објавено е на официјалниот сајт на францускиот клуб.

Договорот со 64-годишниот Аргентинец е до летото 2026 година.

На 7 ноември, Рен го отпушти од тренерската функција Стефан Жулиен.

Претходно Сампаоли ги водеше репрезентациите на Чиле и Аргентина, а од попознатите екипи беше тренер на Марсеј, Севиља, Фламенго.

По 11 натпревари во Лига 1, Рен е на 13. место на табелата со 11 бодови. Има само три победи оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2024 22:12