Екипата на „Металург“ беше поразена на домашен терен од романска „Стеауа“ со 28-29 (15-13) во 8. коло од СЕХА-лигата. За македонскиот тим ова беше шести пораз во натпреварувањето.
Гостинот, иако допатува со само осум ракометари и двајца голмани, сепак успеа да слави во Скопје против тимот на Данило Брестовац, кој ги одмораше Димитриоски, Серафимов и Лазаревски.
Клучниот чекор кон победа гостинот го направи во последните минути, кога реализира два напади за 27-29, додека „Металург“ имаше напад за реми, но не го искористи.
Шпенде со шест гола беше најефикасен кај „Металург“, додека Танкоски и Шилегов постигнаа по четири. Кај романскиот тим, Габриел Флореа беше над сите со шест гола, а голманот Тудор Стенеску се истакна со 19 одбрани.
„Металург“ останува деветти на табелата во СЕХА со четири бода, додека „Стеауа“ е на четвртото место со 15. Во наредното коло во регионалната лига, „Металург“ гостува кај Војводина.
Веќе утре тимот од Автокоманда игра дома со „Спортинг Лисабон“ во Лигата на шампионите.