Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на јавна расправа за Правилникот за обновливи извори на енергија (ОИЕ) и Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

Јавната расправа за Правилникот и Уредбата, кои произлегуваат од новиот Закон за енергетика, ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 09:08