Овен Вилсон не сака да ја види новородената ќерка, ниту пак, да има каков било контакт со неа во иднина, пишува „Ју-ес Магазин“.

Познатиот холивудски заводник не остана во врска ниту со мајките на претходните негови два сина, но ги прифати татковските обврски, и редовно ги посетува. Сепак, според неименуван извор близок до актерот, со малата Лајла која е родена минатиот месец, тоа не е случај, па тој и на суд потпишал дека одбива старателство над неа.

Актерот не сака да ги коментира овие наводи, оти „тоа се приватни работи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 12:02