Во текот на ноември ќе бидaт усвоени закони што овозможуваат трансформација на Безбедносните сили во армија на Косово и таа ќе има три полка од кои еден на север во државата. Тоа го изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

– Нашата војска ќе има три полка, односно ќе има три пешадески полка. Еден ќе биде сместен во Гњилане, еден на југ и еден распореден на север. Нашата армија ќе има и команден вод. Некои ќе бидат активни и некои во резерва, изјави Харадинај.

Во изјава за телевизијата Клан Косова тој додаде дека на армијата на Косово нема ништо да и недостасува.

Според стратегијата за трансформација на БСК во армија на Косово предвидено е целосна операционализација на армијата да се оствари во рок од 10 години и да има 5.000 активни припадници и 3.000 резервни. За трансформација на БСК се противат Српската листа и официјален Беглрад.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 15:41