Директорот на Државниот студентски дом „Скопје”- Скопје Дарио Николовски потпиша меморандум за соработка со Национална асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ).

– Преку асоцијацијата и компаниите вклучени во нејзината мрежа раководството на Студентскиот дом ќе гради нови соработки за повеќе бенефити за студентите, соопштија од Државниот студентски дом „Скопје”.

Наведоа дека станува збор за за мрежа на компании кои самите студенти ги одбрале.

– Уште еднаш се докажува дека новото раководство на Студентскиот дом се раководи според потребите на студентите. НАПАГ е прва асоцијација во регионот која ги промовира студентите од сите професии и Универзитети со цел да им помогне да го искористат својот потенцијал, наведоа од Државниот студентски дом „Скопје”.

Посочија дека студентите заслужуваат повеќе можности и подобри услови во студентските домови, изразувајќи уверување дека тие се нивниот приоритет и дека нивните насоки се во реализација на потребите на студентите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 00:10