Во Домот на млади во Штип вечер ќе почне првиот Меѓународен театарски фестивал „Театар во куфер“ кој, според организаторите, ќе биде поразличен од останaтите македонски фестивали зашто целта му е да го врати театарот на почетоците, кога се што му било потребно и доволно на актерот бил куферот со кој можел да одигра претстава секаде и пред секого.
Фестивалот ќе почне со претставата „Европејци“ на театарт „Драфт“ од Тузла, Босна и Херцеговина, а од утре и во наредните денови до 20 ноември ќе бидат изведени и: „Дисфункција“ на Младински интимен театар од Битола, поезија на театар „Убавите жени“ во изведба на актерот Страшко Милошевски, „Женска утопија“ на Театар чин 4 сцена 5 од Прилеп, „Петтиот чин “ на Струмичкиот театар и „Чекачот“ на Театар за гледање и слушање од Штип, како и симпозиум „Патувачки театар“.
-Штип е определен да биде почетник на културно живеење, како што на времето беше епицентар на културните збиднувања. Ќе доживее и стота изведба, а префиксот меѓународен во вистинска смисла на зборот ќе го оправда, рече Кацаров на прес-конференција.
Според Горан Трајков, директор на Дом на млади Штип, овој театарски фестивал ќе прерасне во традиција на оваа сцена, како што во 1925 таму била изведена првата опера.