Во галеријата „Штајнер“ во Виена во тек е самостојна изложба на слики од ликовната уметница Наташа Станковска Зафировска. Авторката се претставува со 15 дела од циклусот „Рефлексии“ работени во техниката акрил на платно.

Изложбата ќе биде отворена до 1 декември. Ова е нејзина 12-та самостојна изложба, а учествувала и на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија и странство.

Наташа Станковска Зафировска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 1990 година во класата на професор Димитар Малиданов. Член е на ДЛУМ од 1991 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 16:22