По повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со Град Скопје денеска организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје, со старт и цел на плоштадот „Македонија“ во близина на Порта Македонија.

Патеката е кружна во должина од 1.200 метри и поминува преку плоштадот Македонија , сутеренот на Гратскиот трговски центар , покрај градската болница „Св Наум Охридски“ и Собрание на Република Македонија , преку „Рекорд“ и „Центар бар“ до плоштад Македонија .

Се очекува учество на ученици од 10-тина средни училишта од Скопскиот регион, кои ќе се натпреваруваат во машка и женска категорија на патеката во должина од 1.200 метри или еден круг, додека во главната трка на шест километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи во машка и женска конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2018 10:55