Онлајн гигантот Амазон потпиша договор со Епл, во чии рамки ќе може да ги продава директно производите на компанијата од Купертино, вклучувајќи Ајфон, во својата платформа.

Продажбата ќе започне во наредните недели, објави ЦНЕТ.

Во моментов, корисниците на Амазон можат да купат паметни телефони, таблети и друга технологија на Епл преку посредници. Исклучок се лаптопите Мекбук и слушалките Битс. Но, наскоро Амазон ќе почне директна продажба на целиот спектар на производи на Епл .

Техниката со брендот на Епл ќе стане достапна за корисниците на онлајн продавниците во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Јапонија и Индија. Продажбите ќе започнат пред божиќната сезона.

Амазон е водечка онлајн продавница во светот и партнерство со компанијата е несомнено силен адут за Епл. Се очекува тоа да доведе до раст во продажбата на производи како ајФон, кои не се зголемуваат во последно време, но поради се повисоките цени продолжуваат да генерираат огромни профити на Епл.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2018 17:39