Четвртиот дел од филмската сага „Одмаздници“ ќе биде најдолгиот од сите филмови на студиото „Марвел“ досега, според ко-режисерот Џо Русо.
Во неодамнешна сесија на прашања и одговори, Русо рече: „Времето на „Одмаздници“ 4 сега е три часа. Ќе видиме дали ова ќе се одржи“.
За споредба, „Одмаздниците: Војна без крај“ е актуелниот рекордер за најдолг филм од универзумот „Марвел“ со два часа и 40 минути.
Како одговор на прашањето за фазата на пост-продукција, Русо откри дека тимот има завршено околу 50 отсто од филмот.
– Ние сме во средината на процесот. Во моментов работиме на ВФХ кадрите. Во филмот има околу 3.000 ВФХ кадри кои бараат многу време, мисла, енергија и напори и се уште сме далеку од завршување, изјави Русо.
Поради моменталната должина на филмот, постои реална шанса дека одредени сегменти ќе бидат исфрлени за да се избегне таква должина.
Премиерата на „Одмаздници“ 4 е закажана за 3 мај 2019 година.