Македонскиот ракометен првак Вардар го загуби вчерашниот дуел со Барселона во Лигата на шампионите, но и покрај поразот, „црвено-црните“ не се без свој претставник во некој од изборите на најдобри што гиправи ЕХФ за секоја рунда.

Овој пат во Топ-5 изборот за најдобра одбрана се најде голманот Калифа Гедбан. Тој имаше две интервенции за неколкуте минути кои ги мина на теренот во второто полувреме, а една од нив го одбележа колото.

Гедбан го одбрани ударот од контра на Португалецот во Барселона, Жилберто Брито Дуарте и тоа беше за во Топ-5 одбраните на колото во ЛШ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 00:34