Телекомуникациската индустрија се подготвува за мрежите од петтата генерација (5Г), но експертите и аналитичарите веќе зборуваат за 6Г мрежи кои се очекува да бидат оперативни до 2030 година.

Активната употреба на 5Г мрежите ќе започне во 2019 година, со технологија која се очекува да се прошири низ светот за неколку години. Веќе има информации за паметни телефони со поготвеност за работа со 5Г.

Наспроти ова, висок претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатика изјави дека развојот на 6Г мрежата веќе започнало на ниво на концепт. Според Су Ксин, цитиран од страна на „Гизчајна“, на 6Г веќе работат тимови во Кина, САД, ЕУ и Русија.

Во моментов е познато дека мрежите од шестата генерација ќе пренесуваат податоци со брзина до 1 терабајт во секунда (TБ / с). Особено важно е што 6Г ќе има не само покриеност на копно, туку и под вода.

Според најоптимистичките прогнози, воведувањето на 6Г во комерцијална употреба нема да се случи пред 2030 година, што е сепак блиску имајќи предвид дека допрва следи воведувањето на 5Г.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 01:22