Во рамки на придружната програма на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, МЕДИА Деск МК во Младинскиот културен центар организира форум „Крупен план на филмските фестивали во Македонија“, на кој првпат на едно место ќе бидат собрани претставници на 12 македонски филмски фестивали.

Ќе учествуваат директорите на: ИФФК „Браќа Манаки“; Скопски филмски фестивал; Синедејс; Македокс; ЕХО фестивал на планински филм; Анимакс Скопје фест; Интернационалниот филмски фестивал ОДА-Тетово; Меѓународен фестивал на етнолошкиот документарен филм; Филмски фестивал за млади Џифони Македонија; Киненова; Истражувачки филмски фестивал и Бич филм фестивал.

-Целта на оваа иницијатива е да се даде детален поглед во минатото и перспективите и да се отворат прашањата за тоа дали има начини да ја оствариме целосно визијата на еден фестивал? Дали треба публиката да ја бараме или таа да нѐ бара нас? Може ли секој сам? Можеби можеме и заедно? Како изгледа фестивал поддржан од Креативна Европа МЕДИА? Што сѐ може да значи меѓуфестивалска соработка?, соопшти МЕДИА Деск МК.

На покана на форумот ќе учестуваат и директорите на три европски фестивали поддржани од програмата Креативна Европа МЕДИА: Интеранационалниот филмски фестивал Копенхаген, Интернационалниот фестивал на краток и анимиран филм Мекал, Барселона, и Фестивалот на хордиски филм Лубек од Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 09:26