Непознати лица рано утрово поставиле бомба пред домот на грчки јавен обвинител, а експлозивниот механизам најверојатно поради грешка на сторителите, не експлодирал, јави дописничката на МИА од Атина.

Околу четири часот утрово, преку анонимен телефонски повик во информативниот портал „Зугла“ и весникот „Ефимерида тон синдактон“, непознато лица информирало за точната адреса каде што била поставена бомбата и рекло дека за 20 минути ќе експлодира.

Полицијата веднаш пристигнала на конкретната адреса и ја пронашла бомбата. Експлозивниот механизам бил ставен во тeнџере, поставен во багажник на мотор паркиран пред домот на обвинителот.

Засега ниту една од грчките анархистичко – терористички организации не презеде одговорност за поставената бомба.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 10:05