Втор есенски базар на домашни ракотворби ќе се одржи денеска во општина Бутел по повод ослободувањето на Скопје.

На базарот, како што информираат од општината, ќе учествуваат повеќе од 20 ракотворци од Македонија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија и од Косово.

Оваа година, освен домашните ракотворби (везеници, плетеници, резби, накит ), посетителите на есенскиот базар ќе можат да вкусат и пити со тиква.

Вториот есенски базар што е во организација на Општина Бутел и Здружението „Арти крафт“ од Скопје ќе биде отворен денеска и утре од 10:00-18:00 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 10:48