Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска подели 65 нови ваучери за новородените дечиња од општината. Еднократна парична помош во висина од 6.000 денари се доделува на семејства кои живеат на територијата на општина Кисела Вода.

– За добивање на истата, семејствата кои имаат принова, заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или друга исправа за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето – информираат од општина Кисела Вода .



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 14:27