Режисерот Адам Вингард, како и продукциската куќа „Леџендари Пикчрс“ на официјалната Твитер страница, го означија почетокот на снимањето на „Гоѕила против Конг“, а објавен е и дел од приказната.

Имено, описот вели дека судирот меѓу двете чудовишта ќе биде човечка местенка, дел од планот да се истребат гигантите – и добрите и лошите. Приказната ќе говори и за потеклото на џиновските грабливци.

Снимањето на филмот е во тек, а премиерата е првично закажана за мај 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 16:45