На крстосница од улица „Водњанска“ и .„50-та Дивизија“ вчера околу 15,20 часот во Скопје на автобус на ЈСП бр. 50 управуван од М.М.(53) од Скопје нагло прикочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него при што со повреди се здобиле патниците во автобусот, В.А.(60) и К.С. (52) двете од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 00:22