Делегации од земјава и од странство положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите, на платото пред Владата на Република Македонија, во чест на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.
Претходно одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје почна со традиционалната средба на градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, која се одржа во Кабинетот на градоначалникот.
Градоначалникот им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани и изрази желба оваа убава традиција на средби да продолжи и воедно ги послужи и ги почасти со виски (или ракија).