Согласно критериумите за доделување на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Сојузот на спортови на Скопје, денеска беа врачени наградите на најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници во македонската престолнина.

Наградени по категории:

Спортист – Бобан Илиоски (кик-бокс) Тренер – Дејан Митровски (кик-бокс) Судија – Зоран Поповски (тенис) Екипа – Машкиот ракометен тим на Вардар Новинар – Ласте Димитриовски (Нова Македонија) Професор по физичко и здравствено образование – Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“ Спортските работници – Никола Тасев, Перица Крстевски и Гордана Николовска Спортски работници за Животно дело – Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венцислав Недев за животно дело. Општествено спортски работник/функционер – Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 02:16