Германија е против разграничување меѓу Србија и Косово како модел на решавање на косовското прашање и тој став нема да се смени, изјави денеска германскиот амбасадор во Србија Томас Шиб, оценувајќи дека ставот го споделуваат и голем број земји во ЕУ и во регионот.

-Канцеларката Ангела Меркел во повеќе наврати јавно го изнесе својот став, а тој став и натаму важи. Знам дека имаше спекулации дека Германија може ќе го смени ставот, но не – германскиот став останува, рече Шиб за телевизијата Н1.

Тој појасни дека Германија е загрижена доколку дојде до промена на границите или размена на територии можно е да има импликации во регионот, дека тоа би можело да придонесе за решавање на проблемите но може да предизвика проблеми на друго место во регионот.

Шиб вели дека не е точно дека со само мала размена на територии ќе се реши косовскиот јазол и додаде дека разграничувањето го скренува вниманието од цела низа други прашања, како што се заштита на малцинствата, заштита на црковното наслство и многу други.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 12:32