Со проекција на „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, Кинотека на Македонија во петок ја почнува Неделата на босанскохерцеговски филм.

Освен филмот на Тановиќ, прикажани ќе бидат и првенецот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ кој доби „Златен лав“ во Венеција за дебитантски филм, како и филмовите кои ги одбележаа шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години не само во босанскохерцеговската, туку и целата југословенска кинематографија.

Како што ифнромираат од Кинотека, „Битката на Неретва“ на Вељко Булаиќ кој бил номиниран за Оскар, „Жена со пејзаж“ на Ивица Матиќ и „Глув барут“ на Бахрудин Бато Ченгиќ се заслужено дел од овој избор.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 12:56