Претседателот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, е категоричен дека без гаранција за стандарди нема да има избори.
Не може да има компромис за слободни и фер избори. Ќе имаме слободни и фер избори или нема да имаме избори. Не може да има компромис за независно праводуство, тоа е или независно или заробено, истакна Баша на форумот „Наследство на канцеларот…“, посветен на животот и делото на германскиот канцелар Конрад Аденауер.
Тој најави дека опозицијата ќе продолжи со својата битка за одбрана на демократијата во земјата.
Ќе продолжиме со пруска храброст во нашата битка за демократска Албанија, држава во која ќе владее правото, што е единствениот пат за европска Албанија, посочи Баша.
Лидерот на Демократската партија, која ја предводи обединетата албанска опозиција и во оваа пригода обвини дека „земјата е во опасност поради поврзаноста на криминалот со Владата и заробените правосудни институции“.
Ден претходно тој изјави дека со лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама можен е политички дијалог само за денот на неговото заминување.
Инаку, локалните избори во Албанија, со указ, што деновиве го потпиша претседателот Илир Мета, ќе се одржат на 30 јуни 2019 година.