Вакво и други лични обвинувања за сомнежи беа изречени денеска на седница на Советот на општината, со барање од советникот Ташо Радњански, обвинителството да реагира по допрен глас.

Ситуацијата излезе од контрола и наместо да се расправа по точката на дневен ред за овозможување на физичките лица да платат заостанат долг за комунални услуги од 20 на 60 рати, дојде до меѓусебни препукувања на двајца советници, а со реплики и довикувања од место се јавија и други.

Срамота е, ова не е панаѓур, се коментираше од говорница, се бараше да има кодекс на однесување и достоинство. Да не се зборува надвор од дневниот ред.

Беше кажано дека некои работи се вадат од ракав, а паднаа и закани за кривични пријави и најава за импичмент за претседателот на Советот кој треба да створи ред на седницата.

-Некоректно е лично да се напаѓа, навредува и омаловажува. Не требаше тука, ако има нешто такво си има инспекции. Со лутина и негативен набој не се постигнува ништо. Има легални институции, ги повикувам да направат контрола, се повикуваше од говорницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 16:21