Во акциски контроли на полициски службеници спроведени во локали во тетовските села Горно Седларце и Желино биле затекнати 14 танчарки кои нелегално работеле во угостителските објекти. Пет од нив биле од Албанија, една од Косово и осум од Македонија.
Албанските државјанки (на возраст од 25 до 45 години) и 23-годишната државјанка на Косово биле приведени и предадени во отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
Била спроведена и акциска контрола во угостителски објекти во гостиварските села Чајле, Форино, Чегране, Неготино-Полошко, Дебреше и Добридол.
Во акцијата биле откриени 28 албански државјани со нерегулиран престој во нашата земја поради што биле приведени и предадени во отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.