Новата ѕвезда на Филаделфија, Џими Батлер, изјави дека е возбуден поради трансферот во Сиксерс.

Батлер (29), кој е бек пристигнува од Минесота, откако уште пред почетокот на сезоната јавно изјави дека не сака да игра за Тимбервулвс.

Тој сепак одигра 10 натпревари (21,3 поени, 5,2 скока, 4,3 асистенции и 2,4 одземени топки) во сезоната 2018/2019, по што беше испратен во „градот на братската љубов“.

– Мислам дека не сум лош соиграч. Луѓето зборуваат што ќе им текне. Сметам дека сум неверојатно човечко суштество и соиграч и ќе го покажам токму тоа на момчињата во Филаделфија, прокоментира Батлер, кој ќе игра со својот омилен број 23 и во редовите на Сиксерс.

Тој соопшти дека целта пред него е титулата во НБА и додаде уште дека „Големото трио“ заедно со Џоел Ембид и Бен Симонс звучи многу добро и оти е возбуден.

– Ќе најдеме начин да се случи нешто. Немам проблем со тоа да подавам и да играм без топка, вели Батлер, кој може да добие понуда од Филијалата за пет сезони во вредност од 190 милиони долари по крајот на сезоната.

Неговото деби може да се случи уште вечерва против Орландо.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 18:20