Македонскиот репрезентативец, Андреј Маслинко од денеска и официјално е нов член на МЗТ Скопје, откако ги договори сите услови и го стави потписот на договорот со клубот од Аеродром.

За крилниот центар ова е враќање во добро позната средина, со оглед што веќе го носеше „сино-белиот“ дрес во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.

Маслинко е четврто засилување за МЗТ Скопје за новата сезона, по Андреј Магдевски, Брандон Слај и Милош Копривица.

Новата сезона МЗТ ја почнува на 24 септември со мечот на домашен терен против Теодо на стартот од АБА2-лигата



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2024 04:30