Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи измена на Уставот на земјата, со цел народот да може да го избира претседателот на државата.

Ципрас денеска во Парламентот ги претстави предлозите на Сириза за имени во Уставот.

Според премиерот, „перспективата за непосредно избирање на претседателот на републиката од страна на народот ќе му даде специјална власт”, но тоа нема да создаде опасност од двојна власт во земјата.

Во моментов шефот на државата се избира во Парламентот со мнозинство од две третини, и со мандат од пет години. Промените на Уставот во 1986 година ги ограничија овластувањата на претседателот и му го одземаа правото да го разрешува премиерот, да става вето на закони усвоени во Парламентот, му го ограничи правото да го распушта законодавниот орган и да објавува референдуми. Правото на прогласување вонредна состојба беше префрлено на Парламентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2018 19:37