– Од се срце ви ги честитам сите досегашни достигнувања. Токму вие, со вашиот талент, дух и желба за напредок придонесувате за развој на спортот во нашата општина – изјави градоначалникот Златко Марин.
– Денеска оттука сакам да им упатиме важна порака на сите млади – верувајте во себеси, развивајте ги вашите таленти, бидејќи вие сте нашата иднина – изјави претседателката на Советот, Ивана Цветковска.
Оваа мерка е признание за досегашните успеси на младите и поттик за понатамошен развој. На овој начин Општина Аеродорм им овозможува подобри услови за напредок и ги мотивира да продолжат да ги реализираат своите таленти.