Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“, денеска во ЕУ Инфо центарот, ќе одржи серија предавања по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2018“.

Целта на настанот, кој се организира во соработка со Археолошкиот институт на Америка (Archaeological Institute of America), е популаризација на македонската археологија и културното наследство што потекнува од нашата држава.

Меѓународниот ден на археологијата за 2018 во Република Македонија е во подорганизација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО за „Отворени едукативни ресурси“ (ОЕР), како и под мотото на Европската година за културното наследство.

Настанот е кофинансиран од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на годишната програма за култура за 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 16:39