Латиноамериканската пејачка Џенифер Лопез во Катар заработи три милиони долари за 20 минути – два за себе и еден милион за патни трошоци.

Имено, таа само требаше да се појави на катарскиот Фестивал на Доха Сити Мол и 20 минути да одговара на прашања за самата себе.

Сличен ангажман Лопез ќе има и наредната седмица, кога ќе се појави на настан на авиокомпанијата Катар Ервејс во Долби театарот во Лос Анџелес, каде што, исто така за 20 минути, таа ќе заработи 1,2 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 16:58