Вечерва со почеток од 20 часот во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи „Black symphony – Metallica symphonic tribute show“.

Како што информираат од Авалон продукција, со повеќе од 30 музичари и симфоничари на сцена ќе бидат изведени најголемите песни на Metallica, како „The Unforgiven“, „Nothing Else Matters“, „Enter Sandman“ и „Master of Puppets“.

Black Symphony е проект кој додава необичен и возбудлив мистичен пресврт на музиката со фузија на двете контрастни атмосфери, моќните „рифови“ и мелодијата од богатиот оркестар.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2024 08:56