Во моментов во Грција престојуваат 74.000 баратели на азил, соопштија грчките власти, нагласувајќи дека прават напори за подобрување на условите во мигрантските центри на островите.

Грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас изјави дека последните месеци околу 6.000 лица од центрите на островите се преместени во внатрешноста на земјата.

Тој призна дека состојбата во тие центри е „тешка“. Во нив се сместени околу 20.000 лица, а инфраструктурата е предвидена за помалку од 10.000.

Во текот на оваа година во Грција нелегално влегле околу 42.000 мигранти, од кои 14.000 преку границата со Турција.

Вицас нагласи дека не очекува зголемување на миграцискиот прилив во текот на наредната година, додавајќи дека бројот на мигранти, кои незаконски ја напуштаат Грција и одат кон други европски земји, е минимален.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 17:23